Sunday, October 25, 2015

Тоше Проески

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 - 16 октомври 2007) — познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканскатамузичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнал со настапот на прилепскиотфестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имал блиска соработка со Џеф БекГригор КопровЖељко ЈоксимовиќЛеонтина ВукомановиќМарина ТуцаковиќБора ЃорѓевиќМиро БуљанАнтонија ШолаТони ЦетинскиPhoebusАња Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песнатаТвоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во1999 година. Во меѓувреме Тоше станал дел од продуцентската куќаАвалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор воаприл 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Image result for тоше проески wikipedia  Image result for тоше проески wikipedia

No comments:

Post a Comment