Sunday, October 25, 2015

Спасен Силјаноски

Спасен го развива својот талент почнувајќи од неговата 6 година, кога токму започнува со свирење на хармоника, и континуирано продолжува да го изучува традиционалниот инструмент гајда.
Во 2003 година активно се вклучува во оркестарот на К.У.Д „Бисер“-Кичево, и учествува во припремите на нивните перформанси за кои се здобија со вредни награди. Со народниот оркестар на К.У.Д „Бисер“-Кичево, се здобиваат со две освоени први награди на републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој се одржува во Битола. Ја добиваат првата награда и на 42 меѓународен фестивал во Закопане-Полска, две освоени први места, и едно Гран при на фолклорниот фестивал „Пеце Атанасовски„ кој се одржува секоја година во селото Долнени во месноста Рудина. Во 2010 година, Спасен почнува да работи како раководител на оркестарот на К.У.Д „Бисер“-Кичево. Моментално работи и со „Свадбари бенд“.
Spasen.jpg   

No comments:

Post a Comment